Нова снимка од трагедијата во Кочани- Панчо од ДНК ја повикува публиката „Одете надвор“,
Нова снимка од трагедијата во Кочани го покажува моментот на изненадување на публиката и на изведувачите на концертот кога ја здогледуваат запалената кровна конструкција над нивните глави. Неофицијално, се смета дека несоодветна употреба на пиротехника го предизвика пожарот во Кочани кој одзеде десетици животи.
Се работи за концерт на македонската група ДНК во добро позната дискотека. Панчо од ДНК ѝ вели на публиката „Одете надвор“, додека во позадина се слушаат растреперени гласови и гужва. Над рефлекторите на плафонот може да се види дека е проширена линијата на огнот.
Повторно се слуша „одете надвор“ и може да се види чад кој доаѓа од сцената, најверојатно од ПП апарат за гасење пожар.