Тошковски: Има приведени во врска со пожарот во кој загина 51 лице, ве уверувам дека одговорност ќе има

Министертвото за внатрешни работи веќе има приведено лица во врска со пожарот во Кочани, во којшто загина 51 лице, а околу 100 се повредени, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Уведува дека секој оној за којшто ќе се утврди одговорност ќе биде приведен.

– Дел од лицата се приведени и се врши разговор со нив, дел од лицата кои се организатори на настанот се повредени во рамки на оваа катастрофална несреќа, рече Тошковски, додавајќи дека цел тим обвинители се во Кочани. Дежурен јавен обвинител веќе е излезен на лице место.

Тој уверува дека одговорност ќе има и дека секој вклучувајќи и поранешни и сегашни функционери треба да чувствуваат морална одговорност поради несреќата. Сите нормални луѓе, вели тој, треба да чувствуваат морална одговорност.

– Сакам да ја уверам македонската јавност дека во овој случај ќе се утврди точна одговорност со име и презиме, рече Тошковски.

Министерот на првата прес-конференција по несреќата не посочи колку лица до утрово се приведени.

– Имајте разбирање. Во овој момент мислам дека најбитно е да ги утврдиме сите факти и докази кои ни се потребни за да може сите процесни дејствија да бидат преземени соодветно. Да изразиме сочувство на роднините на загинатите и да бидеме смирени во насока на превземање на сите чекори за вакво нешто никогаш да не се повтори, изјави Тошковски.

Информираше дека преку Оперативниот штаб, кој е формиран утрово, е дадено упатство до сите клиники и болници каде што има пренесено лица, по идентификација на загинатите лица да бидат извесени семејствата. Исто така Тошковски кажа и дека мора да се изврши обдукација на секое починато лице.

– Починати лица има во повеќе болници. По идентификацијата ќе бидат однесени на идентификација во Скопје, рече министерот.

Во Кочани, тој пристигнал околу пет часот утрово, а таму се и премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Центарот за управување со кризи, директорот на Бирото за јавна безбедност

Back to top button
Close