Србија испраќа воени хеликоптери за повредените да се лекуваат на ВМА
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ објави дека Србија ќе испрати воени хеликоптери по повредените, за да се лекуваат на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград.
– Србија испраќа воени хеликоптери или авиони по повредените да бидат лекувани на ВМА, наведува Стоилковиќ во објавата.
Претходно, во телефонски разговор со претседателката Гордана Сиљановска Давова, српскиот претседател Александар Вучиќ изразил длабоко сочувство и понудил помош во хеликоптери и други медицински транспортни средства, лекарски тимови, како и подготвеност да примат во болниците во Србија голем број повредени во трагедијата во Кочани.