Грчки дипломатски извори: Барање од Скопје до Атина за транспорт на повредени во Грција

Нашата земја поднела барање до Министерството за надворешни работи на Грција за транспорт во земјата на повредените од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, брифирале грчки дипломатски извори за грчката државна новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

– Според истите извори, Министерството за надворешни работи ги истражува можностите за транспорт на повредените во нашата земја и е во контакт со Министерството во Северна Македонија за да ги координира нивните активности, пишува АНА-МПА.

Како што претходно објави МИА, три млади лица со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун.

Back to top button
Close