Хируршките клиники од денеска продолжуваат со операции на онколошките пациенти, а од утре со редовните програми

Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат за операции на онколошките пациенти, најави министерот за здравство Арбен Таравари.

Според Таравари, веќе од утре се очекува клиниките да продолжат да функционираат комплетно со сите програми што се планирани.

„Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пациенти, а од утре по состанокот на кризниот штаб се надевам сите клиники да работат комплетно со програмите што биле планирани“,рече Таравари.

Прекинот со операциите на хируршките клиники беше поради третман на пациентите од пожарот во Кочани.

Во државава се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои 64 се во државните болници, а 13 пациенти се во приватните болници и сите, како што рече, се во релативно стабилна состојба. На лекување во странство се 101 пациент и тие се во релативно стабилна состојба.

Back to top button
Close