Рашковски барал 10.000 евра отштета поради неоправдан притвор, а добил само 750 евра

Поранешниот генерален секретар на Владата во времето на Зоран Заев, Драги Рашковски, доби пресуда од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која е утврдено дека дел од притворот што му бил одреден не бил оправдан.

Иако Рашковски барал отштета од 10.000 евра, Судот му досудил 750 евра.

Од друга страна, Европскиот суд оценил дека македонските судови не ги прекршиле неговите права со одлуката за замрзнување на паричните средства на сметките на неговите деца. Рашковски се жалел и на оваа мерка, но Судот не утврдил повреда во постапувањето на домашните судови.

Back to top button
Close