Конечно се јави Левков – ќе ја отворел пратеничката канцеларија во Кочани додека парламентот паузира

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, објави дека ќе ја отвори својата пратеничка канцеларија во Кочани, од каде што доаѓа како народен избраник, за средби со граѓани по трагедијата во дискотеката „Пулс“.

„Поддршка и конкретни чекори за подобра иднина на Кочани Канцеларија за средби со граѓаните во Кочани е отворена секој ден од 10:00 до 15:00, каде што сите ќе можат да ги споделат своите мисли, предлози и грижи.

Нашата цел е да слушнеме, да помогнеме и заеднички да работиме на решенија што ќе обезбедат безбедност, поддршка и подобри услови за сите. Секој ваш збор е важен – ве повикувам да дојдете, да зборуваме отворено и да направиме промени заедно“, објави Лефков на социјалните мрежи.

Инаку овој пратеник од владеачкото парламентарно мнозинство е често критикуван од опозицијата поради високите суми што ги добива за патните трошоци, а беше и посочен од јавноста дека не дал доволно поддршка за Кочани по трагедијата.

Собранието втора недела по ред одлучи да оди на колективен одмор по трагичниот настан во Кочани, а единствено од Левица засега објавија дека биле против оваа одлука на законодавниот дом.

„Во овие моменти, кога е повеќе од потребно, Собранието не презема одговорност да носи закони, туку втора недела по ред бега од таа своја обврска! Владејачкото мнозинство на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ поддржано од СДСМ, ја покажа својата вистинска слика – кога е најважно, тие избегаа! По системски предизвиканата трагедија во Кочани, граѓаните очекуваат одговори и носење на клучни законски решенија“, реагираа денеска од Левица.

Пратеникот Сашко Јанчев на својот профил напиша дека втора недела по ред Собранието „ќе одмора“ за лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ги избегнат пратеничките прашања што инаку беа предвидени в четврток.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close