Видевски го прашал Палчо зошто ја убил Вања – Да помине малку време ќе бараме откуп,му одговорил
Судот на денешното рочиште не го прифати барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски.
Обвинителката Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството. За Вања, она што е спротивно од минатото сведочење е исказот на Видевски за киднапирањето, зошто во Обвинителството рекол дека Палчо од таткото на девојчето разбрал кое време ќе излезе од дома.
– Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: „Да помине малку време ќе бараме“, рекол Видевски.