ДУИ: Театарот на апсурдот продолжува
Соопштение на ДУИ:
Сѐ повеќе медиуми, и аналитичари, експерти и граѓани се во неверување — како е можно следново:
Министерот за внатрешни работи – 13 месеци на функција.
Директорот на Јавната безбедност – 9 месеци.
Министерот за економија – 9 месеци.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат – 9 месеци.
Управата за јавни приходи – 9 месеци.
Овие лица се директно надлежни, институционално и правно, да вршат контрола, надзор и да спречат трагедии од ваков тип.
Овие се луѓето кои денес имаат моќ да влијаат врз доказите и да вршат притисок врз сведоците.
Но, ниеден од нив не одговара.
Наместо тоа, гледаме извртување на правдата: во притвор се оние кои не се на функција, немаат институционално влијание, и не можат да го попречат процесот.
Дури и студент на прва година од Правен факултет знае дека не постои причински последична врска низ годините, кога сите дозволи и лиценци се обновуваат секоја година.
Значи, ова не е правда.
Ова е трансакција.
Политички договор во кој премиерот добива можност да ја води судската фарса — емотивна манипулација, медиумски спектакл, пренасочување на вниманието, стопирање на вистинската истрага и заштита на луѓето од власта.
Но оваа игра е опасна.
Оваа неправда, оваа селективна правда, оваа контролирана бура од емоции и закани — ќе предизвикаат снежен лавина што ќе:
Го разори правниот поредок
Jа уништи довербата во судството
Создаде жестока политичка поларизација, во која секој ќе фати секого за уши и ќе владее хаос наместо вистина.
Ние нема да молчиме.
Ние нема да престанеме да ја бараме вистината.
И нема да дозволиме дежурни виновници да се вадат од партискиот тефтер на премиерот, од заробено судство и политичка корупција.