Наскоро ќе биде пуштена во употреба поликлиниката во Илинден

Поликлиниката во Илинден наскоро ќе биде пуштена во употреба, информираа попладнево од Министерството за здравство на нивната страница на „Фејсбук“.

Предвидено е поликлиниката во Илинден да обезбедува здравствени услуги за над 30.000 жители, на простор од околу 600 квадратни метри, каде ќе бидат сместени 14 ординации.

Вредноста на инвестицијата е 16 милиони денари.

Од Министерството појаснуваат дека со градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски, била одржана координативна средба и се разговарало за финалните подготовки во пресрет на отворањето на Поликлиниката.

Back to top button
Close