Интерпол распиша налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Судот на Босна и Херцеговина доцна во средата издаде меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, а јавува Истрага.ба, налогот за апсење е веќе внесен во системот на Интерпол. Се чека потврда од генералниот секретаријат на Европол во Лион, Франција.

Како што наведува медиумот списокот на барани лица всушност не е активен, што значи дека може да го видат само луѓе кои работат во контакт точките на Интерпол.

Сите земји-членки добија известување, не смеат да постапуваат по него додека Лион не го одобри официјалниот повик, наведува медиумот.

За потсетување, Додик и Стевандиќ се бараат поради сомнение дека сториле кривично дело „напад на уставниот поредок“ од чл. 156 од Кривичниот законик на БиХ, јавува Данас.хр.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close