Зеленски првпат призна присуство на украински сили во руската Белгородска област
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по првпат официјално потврди дека украински воени сили се наоѓаат на територијата на руската Белгородска област. Тој рече дека нивната задача е да ги заштитат украинските гранични градови.
Во своето вечерно видео-обраќање, Зеленски изјави дека командантот на украинските вооружени сили, Олександар Сирски, поднел извештај за „фронтот, нашето присуство во Курската област и присуството во Белгородската област“.
– Ги продолжуваме активните операции во непријателските гранични области, и тоа е целосно оправдано. Војната мора да се врати таму од каде што потекнува. Нашата главна цел останува иста – да ја заштитиме нашата земја и нашите заедници во Сумската и Харковската област од руските окупатори, порача Зеленски.