Исчезнато повозрасно лице од Штип, последен пат било видено во саботата

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е поднесена пријава за исчезнато повозрасно лице од село Степанци, Општина Штип, информира Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) – Штип.

Според пријавата, лицето било последен пат видено во саботата, на 5 април 2025 година. За случајот е известено и Министерството за внатрешни работи – Штип, од каде што било посочено дека за понатамошно постапување е неопходно некој од блиските членови на семејството да достави документ за идентификација и фотографија од исчезнатото лице.

ЦУК информира дека за случајот е известена и Општина Штип. Очекувањата се дека со координирана акција на институциите и со помош на семејството и локалната заедница, лицето ќе биде успешно пронајдено

Back to top button
Close