Украден автомобил на Општина Аеродром, пронајден без една табличка

На 7 април 2025 година, во 22 часот, градоначалникот на општина Аеродром, Д.М. (37) од Скопје, пријавил во Полициската станица Аеродром дека службено возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, било украдено од гаража на булеварот „Јане Сандански“.

Според пријавата, возилото исчезнало во периодот од 15:30 часот на 4 април до 20:40 часот на 7 април. По полициска потрага, автомобилот бил пронајден на улицата „Перо Наков“ во Скопје, но со недостасување на една од регистарските таблички.

МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Од општината информираа дека тоа возило не го користи в. д. градоначалникот Митески, ниту пак користи друго лично службено возило.
Станува збор за општинско возило „ауди“ коешто им стои на располагање на сите вработени во Општина Аеродром за извршување на секојдневните задачи и обврски.

Back to top button
Close