Фирма и директор од Битола украле струја од 150.000 евра

МВР објави дека е поднесена кривична пријава против бизнисмен од Битола кој преку цела година крадел електрична енергија за своето правно лице во вредност од 150.000 евра.

„СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П.(50) од Скопје, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “, казниво во чл.235-а од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.02.2024 до 17.01.2025, пријавеното правно лице се стекнало со противправна имотна корист од 9.300.955 денари на тој начин што второпријавениот, без согласност на соодветен оператор на системот, со премостување на мерната опрема, преземал електрична енергија без да ја плати“, соопшти полицијата.

Back to top button
Close