ВИДЕО: Глувци во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел – родителите велат дека нема да ги испраќаат децата на училиште
Во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, Скопје, биле забележани глувци и во внатрешноста на училиштето, за што се пожалија родителите на учениците, кои велат дека нема повеќе да ги испраќаат своите деца на училиште.

Родителите се жалат и на општа нехигиена, особено во тоалетите.
На видеото кое го објави ТВ21 може да се види како глувците шетаат во школскиот двор а децата поминуваат покрај нив.
Погледнете го видеото: