Конзервативците на Мерц и социјалдемократите постигнаа договор за формирање германска влада
Германските конзервативци предводени од лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и најверојатно следен канцелар Фридрих Мерц, денеска постигнаа договор со централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) за формирање нова влада, јави НТВ.
Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц.
Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), но конзервативците ја отфрлија можноста за коалицирање со таа партија.