Запалени пет возила кај Психијатриската болница во Бардовци!

Попладнево избил пожар на плац со стари возила позади Психијатриската болница во Бардовци.

Скопската Противпожарна служба информира дека се запалени пет коли, а нема повредени ниту е зафатената болницата.

„Пожарот е изгаснат. Се интервенираше со 4 возила и 10 пожарникари. Станува збор за стари коли од кои се препродавале делови”, велат од Пожарната

Back to top button
Close