Една добра вест за Баерн по поразот од Интер
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано направи значаен чекор напред по навидум сериозната повреда на левото колено и го одработи својот прв тренинг по речиси тринеделна пауза.
Упамекано се повреди на 23 март додека играше за француската репрезентација против Хрватска во четвртфиналето на завршниот турнир во Лигата на нации, а првичните прогнози беа дека ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Сепак, 26-годишниот дефанзивец почна да тренира многу порано од очекуваното, а веб-страницата на Баерн објави дека тој трча по теренот.
Секако, не е прецизирано дали би можел да биде подготвен до следната среда и реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Милано против Интер.
Селекторот на германскиот гигант, Винсент Компани не смета на Алфонсо Дејвис, Мануел Нојер, Џамал Мусиала, Александар Павловиќ, Хироки Ито и Кингсли Коман.
Нема сомнеж дека многу би му значело доколку Упамекано биде подготвен за реваншот од четвртфиналето на „Џузепе Меаца“, а во првиот меч (вторник), Баерн на „Алијанц Арена“ го победи Интер со 1-2 (0-1).
Пред нив е „Дер Класикер“ на домашен терен, а мечот од 29. бундеслигашко коло Баерн Минхен – Борусија Дортмунд ќе започне во сабота од 18:30 часот.