ФОТО: Голем пожар беснее близу Клиничкиот Центар во Скопје
Голем пожар избувна спроти Клиничкиот Центар во Скопје, каде утринава може да се забележи густ, црн чад.
Според првичните информации, автомобил е во пламен, а пожарот има опасност да се прошири, јавува Курир.
На терен се полицијата и противпожарните служби, како и вознемирените граѓани.
Последна информација -целосно изгоре автомобил на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Интервенирале противпожарни екипи,спречено е пожарот да ја зафати куќата пред која автомобилот се запалил и целосно изгоре.