Гол маж се прошета низ центарот на Скопје, брзо е приведен
Kај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ во Центар минувачите и средношколците вчера беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж кој прошета по улицата предизвикувајќи вознемиреност и шок.
„Полициски службеници го затекнале Ј.Р.(40) од Скопје како се движи на улица без облека. Лицето било приведено во полициска станица, по што од Итна медицинска помош во присуство на полициски службеници бил спроведен во психијатриска болница за понатамошно лекување“, велат од МВР.
Фото: Република