Фокус: Кој е кртот што ги изнесе документите од МВР со кои телохранителот на Мицкоски бараше 50.000 евра?

Според информациите до кои дојде „Фокус“, постојат одредени сомневања, кој можел да ги изнесе документите и да му ги даде на сега веќе уапсениот телохранител.

Извори за Фокус тврдат дека станува збор за началник од повисоките ешалони, кој и претходно бил познат по ваквите сценарија, но чие име сигурно нема да го види светлото на денот.

Сомнежите се дека наводно тој ги извадил службените документи со кои телохранителот на Мицкоски барал изнуда од 50.000 евра.

Сепак, тој началник, чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата на „Фокус“, има позната историја во таа област. Во 2021 година, тој и уште еден поранешен началник во тогашната техничка влада, а сега на една од повисоките функции во МВР, беа приведени за оддавање службена тајна и тоа за скандал што го обелодени тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Мицкоски.

Извори  за Фокус тврдат дека во тој период кај нив биле извршени претреси, но подоцна постапката била запрена. Со доаѓањето на вмровците на власт, истите тие беа наградени и веднаш добија високи позиции во МВР, а најчесто можат да се забележат заедно и на фотографии.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НАОВОЈ ЛИНК

Back to top button
Close