Израел ослободи 80 палестински затвореници во Појасот Газа

Израелската армија утринава ослободи околу 80 палестински затвореници во Појасот Газа, соопштија локални извори.

Тие додадоа дека затворениците биле ослободени на преминот Кисуфим под контрола на Израел во источниот дел на Кан Јунис.

EPA-EFE/HAITHAM IMAD
Медицински извор изјави дека најмалку 10 од ослободените затвореници се во лоша здравствена состојба и се хоспитализирани во болницата Ал Акса во градот Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Израел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, по речиси двомесечното примирје што ги прекина преговорите за ослободување на палестинските затвореници и израелските заложници.

Оттогаш, најмалку 1.391 лице се убиени и 3.434 ранети во Газа, додека вкупниот број на убиени Палестинци од октомври 2023 година надмина 50.700.

Back to top button
Close