Конфискуваната луксузна гардероба на Боки 13 конечно е проценета на 595.640 евра, се уште не е продадена ниту гарнитурата на Јанева

Конечно, по пет години, е направена проценка на луксузната гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, која што му беше одземена поради случајот „Рекет“. Од Агенцијата за управување со одземен имот добивме одговор дека проценката е направена на сума од 595.640 евра, пренесе Фокус.

-За одземените предмети во случајот Рекет од осуденото лице Боја Јовановски е изготвена процена и таа е во износ од 36.640.187,00 денари, ни одговорија од Агенцијата.

(…)

Проценката доцнеше бидејќи Бирото за судски вештачења не располагаше со проценител за ваква гардероба. Сега, откако е завршен овој чекор, наскоро се очекува да се отворат 71 вреќа со гардероба, чевли, часовници, чанти и накит, вкупно 1.208 парчиња на број, од познати модни брендови, како Луј Витон, Версаче, Долче и Габана, Гучи, Валентино, Диор… и да се понудат за продажба.

Меѓу запленетата облека беше и упадливата сребрена наметка од Луј Витон, вредна 8.000 евра, која Боки 13 ја носеше на доделувањето на наградите „Стори“.

повеќе

Back to top button
Close