Кевин Хасет: Околу 15 земји им понудија на САД економски договор, ние ќе ги разгледаме предлозите


Има околу 15 земји кои дадоа „експлицитни“ понуди до Соединетите Американски Држави за економски договор, а експертите ќе ги разгледаат овие предлози и ќе одлучат дали се доволно добри за да му ги претстават на претседателот Доналд Трамп, изјави денеска директорот на Националниот економски совет на САД (НЕЦ) Кевин Хасет.

Тој додаде дека суспензијата на американските реципрочни царини за 90 дена е „заснована на разговори со добра волја“ и дека светските лидери најверојатно ќе ја посетат Белата куќа на разговори во наредните недели, пренесува Си-Ен-Ен.

Хасет, исто така, рече дека денешниот состанок на владата ќе вклучи дискусии за тоа дали САД треба да постигнат трговски договори со сојузниците за заеднички да се справат со кинеските структури.

Back to top button
Close