Најстудено во Крива Паланка
Утрово е најстудено во Крива Паланка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Гевгелија, информира УХМР.
До 08:30 часот се измерени и -1 степен во Берово, Крушево и Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Куманово, Штип и Претор, 2 во Охрид, 3 во Скопје-Петровец, Битола и Виница, 4 во Прилеп, Велес, Кавадарци и Струмица, како и 5 степени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 19 степени.