Замброта би можел да ги загуби нозете


Легендарниот италијански фудбалер и поранешен играч на Барселона, Јувентус и Милан, Џанлука Замброта, минува низ многу тежок период поради проблеми со колената.

Тој има изразени деформитети на колената. Нозете му се целосно искривени, а Замборта откри дека наскоро ќе мора да оди на сложена операција за да не мора да носи целосна протеза.

-Немав сериозни повреди во текот на мојата кариера, но имав три операции на менискусот. Денес веќе немам медијален менискус ниту на левото, ниту на десното колено, а со текот на времето нозете ми се искривија. Сега сум како лабораториски глушец, лекарите ме гледаат и се прашуваат како можам дури и да одам, рече тој.

Наскоро ќе има операција на двете колена.

-Ќе ми ја исечат коската над и под коленото, ќе ми стават протези и ќе се обидат да ми ги исправат нозете, се за да избегнам целосна протеза, барем засега, изјавил уште Џанлука Замброта, цитиран од италијанските медиуми

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close