Анчелоти по елиминацијата од ЛШ: Во моментов се бориме за титулата во Ла Лига
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги посочи главните цели на мадридскиот клуб за остатокот од сезоната по елиминацијата од Лигата на шампионите.
– Што ќе правиме во оваа ситуација? Во моментов се бориме за титулата во Ла Лига. Точно дека заостануваме, но ни претстои меч со Барселона. Исто така, финалето на Купот и Светското клупско првенство во оваа бесконечна сезона. Треба да ги кренеме главите и да учиме од нашите грешки, изјави Анчелоти за „AS“.
Реал Мадрид загуби од Арсенал (1:2) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и беше елиминиран од елитното фудбалско натпреварување со вкупни 1:5
Тимот од Мадрид не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот за прв пат од 2020 година.