Одбојкарките на Работнички ќе ја бранат титулата против Јанта Волеј КВ
Одбојкарките на скопски Работнички ќе ја бранат шампионската титула во Првата македонска женска лига, откако пласманот во финалето го потврдија со триумф во полуфиналната „мајсторка“ на плеј-офот со 3: 0 (25:17, 25:23, 25:23) над Наковски Волеј.
Со вкупен резултат 2:1 во победи скопскиот тим ќе атакува на нова шампионска круна.
Работнички Скопје во финалето ќе се соочи со Јанта Волеј КВ, кој со 2:0 во победи го елиминираше Фит Фан Волеј.
Финалната серија кај дамите стартува на 26 април (сабота) и се игра во три добиени натпревари