Јувентус преговара со „Џип“ за обновување на партнерството
Производителот на автомобили „Џип“ (Jeep) е подготвен да плаќа речиси 25 милиони евра годишно за да го врати своето лого на дресовите на најуспешниот италијански фудбалски клуб Јувентус, јави денеска Ројтерс.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, договорот ќе го обнови повеќегодишното партнерство откако претходниот договор на Јувентус со Jeep заврши минатиот јуни.
Jeep беше главен спонзор на Јувентус од 2012 година, а вредноста на договорот постепено се зголемуваше со текот на годините и достигна 45 милиони евра годишно.
Јувентус сега е во напредни разговори со Jeep за нов договор со логото на дрес, иако со пониски финансиски услови, кој се очекува да биде финализиран пред почетокот на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во САД во јуни.