Тренерот на Лејкерси за убедливиот пораз од Минесота: Не сум сигурен дека бевме физички подготвени

Тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, јасно ја нагласи клучната причина за убедливиот пораз на неговиот тим на стартот од плејофот.

Лејкерси на домашен терен загубија од Минесота со 117:95.

-Не велам дека нашите играчи не беа подготвени за плејоф ниво на кошарка. Бевме ментално подготвени, нашиот дух беше како што треба. Се држевме заедно, комуникацијата беше одлична”, рече Редик и додаде: „Не сум сигурен дека бевме физички подготвени, ако тоа има смисла. Кога почнаа да играат агресивно и со многу контакти, ние не одговоривме веднаш на тоа. Од почетокот на втората четвртина до четири или пет минути до третата, бевме во негатива од 34 поени. Тие не скршија“.

Најдобар играч на Лејкерси беше Лука Дончиќ со 37 поени и 8 скока, а еден од новинарите по натпреварот го праша како наоѓа рамнотежа помеѓу тоа да се покаже во најдобро светло од една страна и вклучувањето на соиграчите во играта од друга страна.

-Не знам како да одговорам на тоа, всушност… Претпоставувам дека треба повеќе да подавам. Само се обидував да го наметнам ритамот на игра, но јасно е – една асистенција, не е доволно добра, низ насмевка изјави Дончиќ.

Вториот натпревар е закажан за вторник во 4:00 часот по средноевропско време, исто така во Лос Анџелес

Back to top button
Close