Раниери: Уште една година со мене би била погубна за Рома
Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, се пошегува со амбициите на тимот за пласман во Лигата на шампионите и објасни зошто планира да се повлече од функцијата по крајот на сезоната.
-Уште една година со мене би била погубна за Рома. Правилно е да се повлечам, изјави искусниот стручњак по победата од 1-0 над Верона.
За пласманот во Лигата на шампиони, вели дека нема да биде е лесно, но дека тој и тимот ќе се обидат да стигнат таму.
-Претстојат одлични натпревари, нема да биде „прошетка во паркот“. Сакаме нашите навивачи да бидат задоволни со нашата кампања. Ќе дадеме се од себе. Почнавме лошо, сакаме да завршиме добро, нагласи Раниери.
Рома има многу тежок распоред, бидејќи преостанатите пет натпревари на тимот се против Интер, Фиорентина, Аталанта, Милан и Торино. Во вториот дел од сезоната, „волците“ се најуспешниот тим во Серија „А“.
-Ова е добра група на играчи. Не останувам затоа што е вистинско време да си заминам. Она што ни треба е да му дадеме време на новиот тренер да го разбере својот тим, да го обликува и да се искачува на табелата. Уште една година со мене би била залудно потрошена за Рома. Не сакам тимот да губи време. Имаме многу работа, затоа е правилно да се повлечам и да дојде тренер кој знае што сака и како да го постигне тоа, категоричен е легендарниот стручњак