Поради израелската блокада во Појасот Газа нема вакцини против детска парализа

Палестинското Министерство за здравство во Појасот Газа соопшти дека поради израелската блокада загрозени се животите на повеќе од 600.000 палестински деца, бидејќи во енклавата не пристигнуваат вакцини против детска парализа.

– Поради блокадата не може да се спроведе четвртата фаза на кампањата за зајакнување на превенцијата од детска парализа. Повеќе од 602.000 деца се под ризик од трајна парализа и хроничен инвалидитет доколку веднаш не бидат дозволени вакцините, се наведува во соопштението на палестинското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува и дека децата во Појасот Газа се соочуваат со тешки здравствени компликации поради неадекватна исхрана и безбедна вода за пиење.

Во август 2024 година потврден е првиот случај на детска парализа, по што беше спроведена правата фаза од вакцинацијата, која заврши на 12 септември, при што беа вакцинирани 560.000 деца. Втората фаза заврши на 7 ноември со вакцинирани 556.774 деца помлади од 10 години. Третата фаза беше реализирана во февруари, при што се вакцинирани 590.000 деца. За адекватна заштита потребни се две дози орална вакцина против полио.

Израел на 2 март ги затвори премините кон Појасот Газа, а на 18 март ги продолжи нападите, со што го прекрши примирјето и договорот за размена на заробеници постигнат на 19 јануари.

Back to top button
Close