ФОТО: Откриен мистериозниот портрет што Путин му го подари на Трамп
Рускиот уметник Никас Сафронов за Си-ен-ен потврдил дека тој го изработил мистериозниот портрет што рускиот претседател Владимир Путин во март му подари на Доналд Трамп, индиректно преку посредникот и пратеник на САД за Украина и Блискиот Исток Стив Виткоф.
Портретот го прикажуваТрамп со крената тупаницата, со крв на лицето и видлива рана, моменти по неуспешниот обид за атентат врз него во Батлер, Пенсилванија во јули 2024 година, во екот на кампањата за претседател на САД.
Сафронов, кој претходно портретираше светски личности како папата Франциск, Нарендра Моди и Ким Џонг Ун, за Си-Ен-Ен изјави дека го контактирале неидентификувани лица кои го поканиле да го наслика Трамп „како што го видел“.
Тој немал целосно знаење за нарачателите, но се сомневал дека зад нив стои Кремљ.