Главниот булевар во Тирана блесна во македонски знамиња по повод манифестацијата „Недела на македонската култура“
Во Тирана вечерва почнува манифестацијата „Недела на македонската култура“, а по тој повод главниот булевар „Народни херои“ блесна со стотици македонски знамиња.
-Булеварот блесна во црвено жолта боја. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање на манифестацијата, која по првпат се одржува во албанскиот главен град, што навистина не прави горди. Не го криеме задоволството што заедно со Културно информативниот центар, успеавме во нашите напори, со поддршка на Министерството за култура и туризам, како и албанското министерство за економија, култура и иновации и општина Тирана, изјавија од македонската Амбасада.
Посочуваат дека за одржување на оваа манифестација предвидени се 20 илјади евра, при што 80 отсто од средствата ги обезбедува општина Тирана.