RYCO со грантови за култура: 3 илјади евра за индивидуалци, 6 илјади евра за организации
RYCO со грантови за култура: 3 илјади евра за индивидуалци, 6 илјади евра за организации
Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) го отвори четвртиот повик од Младинскиот културен фонд за Западен Балкан, наменет за млади културни практичари и граѓански организации кои делуваат во областа на културата.
Повикот нуди грантови до 3.000 евра за индивидуалци и до 6.000 евра за организации, со цел поддршка на културниот активизам и промовирање на креативни решенија за општествените и политичките предизвици во регионот.
Младинскиот културен фонд е повеќегодишна иницијатива финансирана од германското федерално министерство за надворешни работи, а се спроведува од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младите во културниот и креативниот сектор и да поттикне регионална културна соработка меѓу земјите од Западен Балкан.
Во рамки на проектот се доделуваат и специјални признанија „Шампион за мир” на културни дејци кои со своето делување значително придонеле за градење на мирот и социјалната кохезија во регионот.
По повод повикот, RYCO организира информативна сесија со физичко присуство која ќе се одржи денеска, на 29 април 2025 година, со почеток во 17:30 часот во Млади Хаб во Скопје.
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.
🔗 https://www.rycowb.org/western-balkans-youth-cultural-fund-4rd-open-call