Жирона конечно победи, скромна минутажа за Миовски
Фудбалерите на Жирона извојуваа синоќа важна победа во битката за опстанок во шпанското првенство, совладувајќи ја минимално Мајорка на домашен терен со 1-0.
За Жирона ова беше прва победа во Ла Лига по пауза од 11 натпревари, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше скромна минутажа, влегувајќи од клупата за резерви во 87 минута.
Победничкиот гол го постигна Стуани во 10 минута.
Победата.прва од почетокот на февруари, ја искачи Жирона на 15ј. место со 38. бодови, шест повеќе над зоната за испаѓање.
Во следното, 35. коло, Жирона е домаќин на Виљареал