Алсат: Арбен Таравари ќе ја напушти Владата
По средбата на премиерот Христијан Мицкоски со ВЛЕН, извори за Алсат посочиле дека Арбен Таравари ќе ја напушти Владата.
Ова се очекува да се случи по продолжението на разговорите што беа најавени вчера по средбата Мицкоски-Таравари, како и по вечерашната средба меѓу Мицкоски и ВЛЕН.
Од кабинетот на премиерот беше соопштено дека средбата била конструктивна, во пријателски и партнерски дух.
„Конструктивна средба во пријателски и партнерски дух. Беа разгледани сите реформски прашања, волјата на граѓаните за реформи, борбата против криминалот и промените во системот што ги оставија ДУИ и СДСМ. Граѓаните нема да бидат разочарани. Разговорите продолжуваат“, се наведува во реакцијата.
Претходно реагираше и Зекирја Ибрахими од ААА/ВЛЕН, кој изјави дека непринципиелната политика на две фотелји завршила и дека не може истовремено да се биде и со ДУИ и во Владата, со што се осврна на Таравари.
Во меѓувреме, уште пред да заврши средбата ВЛЕН-Мицкоски, Таравари прв реагираше преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, иронизирајќи го ВЛЕН со кратката порака: „Не вреди“.
Во наредните денови ќе се следи развојот на настаните околу заминувањето на Таравари и понатамошниот тек на ситуацијата