Скопјанец лишен од слобода, полицијата во домот му пронашла четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…
МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно обезбедена судска наредба, извршиле претрес кај А.С.(21) од Скопје, при што пронашле и одзеле четири килограми марихуана, 18 паковки кокаин, една дигитална вага, еден боев пиштол ЦЗ 7.65 со пет куршуми,…
А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.