„Не, не, не“ – Таравари ја отфрла можноста за одржување парламентарни избори
Не, не, не“, вака директно одговара претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прашањето дали неговото евентуално излегување од Владата би значело одржување на предвремени парламентарни избори.
Таравари додава дека тоа е затоа што Владата ги има бројките за да продолжи со работа, иако напоменува дека изборите „зависат од ВМРО“.
Новинар: Албанско мнозинство со 9 албански пратеници?
Таравари: Знам, но тоа не менува ништо. Може 1-2 пратеници да преминат од едната страна на другата, но тоа не менува ништо. Јас принципиелно сум кажал дека повеќе сум за локални избори, а потоа да се оди на парламентарни избори – евентуално следната година. Но, гледајте, парламентарните избори зависат единствено од ВМРО-ДПМНЕ. Сите може да имаме желби, но ако ВМРО одлучи дека може да се оди, ние мора да го прифатиме тоа и ќе одиме на предвремени парламентарни избори, рече Таравари.