Алијанса на Таравари формира изборен штаб во Гостивар, прв човек Исак Љазами

viber sharing button

Крилото на Алијанса за Албанците што го предводи Арбен Таравари од вечерва ги почна подготовките за претстојните избори. Првиот изборен штаб е формиран во Гостивар, а наскоро и во останатите општини.

Процесот почна во Гостивар, каде што за претседателот на изборниот штаб е назначен Исак Љазами. Тој ќе ја води организацијата и координацијата на изборите во општина Гостивар. Се очекува овој месец штабови на АА да се формираат и во сите ограноци, стои во соопштението на партијата.

Како кандидат за градоначалник најголеми изгледи има актуелниот вршител на должноста, Ваљбон Лимани. Тој според лидерот Таравари е потенцијален кандидат, бидејќи, како што кажа во неколку наврати, Лимани е како личност многу ценет и сакан од граѓаните на Гостивар и има широка поддршка поради својата работа и посветеност.

Back to top button
Close