(ВИДЕО) Димитров: „Чебрен“ е важен капитален проект, и би требало да го гради Македонија со сопствени пари

„Овој проект не е само за денес, туку за идните 10, 20, па и 30 години. Кога ќе настапат сушни периоди, водата од Чебрен ќе биде вреден ресурс, особено за наводнување на Тиквешко поле, кое има огромен агроекономски потенцијал“, рече Димитров.

Тој посочи дека покрај енергетската корист, проектот има и огромен регионален развоен потенцијал, особено за Мариово.

„Таквото езеро, ако се изгради, може утре да го наречеме Чебренско или Мариовско Езеро и да стане второ Мавровско. Кога почна Маврово, беше ништо, а денес е туристички ресорт“, додаде тој.

Според него, организацијата и контролата врз проектот мора да остане во рацете на државата:

„Македонија треба да го води проектот, тоа да биде државна сопственост за генерациите што доаѓаат. Убеден сум дека некогаш некој ќе ја благословува таа вода.“, додава тој.

Back to top button
Close