Апасиев потврди дека е во Москва: Не сум во задњи ред кај Трамп, добив официјална покана

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, самиот објави дека пристинал во Москва, каде утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската престолнина. Тој веста ја објави самиот на социјалните мрежи. Неговото патување, дошло по покана за присуство на воената парада на Црвениот плоштад.

Не сум ‘светски лидер’, ама слетав во Москва“, објави Апасиев.

Тој и во негови интервјуа јавно го кажува ставот дека според него, Македонија треба да има соработка со Русија, но и со Кина, покрај вопоставената со САД.

Инаку, банови украински напади со беспилотни летала беа насочени кон Москва додека таа се подготвува за голема прослава на Денот на победата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на високите личности кои ќе присуствуваат на големата воена парада на Црвениот плоштад на 9 мај. Иако многумина – дури и украински функционери меѓу нив – сметаат дека е малку веројатно Киев всушност да ја нападне Москва на тој ден – експертите не го исклучуваат тоа, пишува Вашингтон Пост

Back to top button
Close