Страшна несреќа во Хрватска: Тројца загинати откако автомобил падна во река
Синоќа во близина на градот Подградина, Хрватска се случи страшна сообраќајна несреќа во која загинаа три лица.
Во 23:03 часот, полицијата добила повик дека возило излетало од патот и завршило во коритото на реката Мала Неретва. На местото на натанот пристигнале служби за итни случаи и нуркачи. Го пронашле возилото превртено во реката.
По прегледот на возилото, тие откриле три безживотни тела на лица родени во 1977, 1948 и 1964 година, сите жители на селото Комин.
По наредба на државното обвинителство до округот Дубровник, телата биле транспортирани во одделот за патологија на Општата болница во Дубровник на обдукција