(ВИДЕО) Напаѓачот од Штип ја проби патарината Миладиновци, полицијата пукаше по возилото
Според неофицијални информации, напаѓачот по инцидентот избегал со возило марка бмв. Очевидци велат дека тој излегол од кафулето и набрзо заминал во непознат правец.
Возилото било забележано кај патарината Миладиновци, каде што напаѓачот не застанал на „стоп“ знак, ја пробил рампата, и продолжил да вози со голема брзина.
Полицијата реагирала веднаш и отворила оган кон возилото во обид да го запре.
Истото возило, кое очигледно е оштетено и превртено, е пронајдено пред влезот на ТИР-зоната во Миладиновци.
Засега нема информации дали напаѓачот е фатен или се уште е во бегство