Почина студентот по дентална медицина од Турција што синоќа беше застрелан во штипско кафуле

Студентот кој синоќа ладнокрвно беше застрелан во кафуле во центарот на Штип им подлегнал на повредите во интензивна нега после неуспешна реанимација, пренесе „Слободен печат“ повикувајќи се на извори од болницата.

Жртвата имала повеќе прострелни рани во стомакот карлицата и надлактицата. Според нашите информации станува збор за студент по дентална медицина, роден 2000 година, односно имал 25 години. И жртвата и напаѓачот се од Турција.

повеќе

Back to top button
Close