Општина Карпош: Кој има хаварисан автомобил во Тафталиџе, да го тргне од јавна површина

Во текот на оваа недела во Карпош продолжи акцијата за подигање на стари отпадни (хаварисани) возила согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со колективниот постапувач со кој општината има склучено договор за соработка, соопштија од Општина Карпош.

– Подигaњето се изврши на територија на УЗ Тафталиџе 1 и УЗ КЈП на возила без регистарски таблички кај кои рокот од 10 дена од залепена налепница за дислокација на истото е изминат, информираа од општината и повторно упатија апел до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно тие ќе бидат отстранети на нивен трошок.

Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена, а потоа ќе бидат однесени на рециклирање.

Акцијата продолжува до конечно подигање на сите вакви на територијата на општина Карпош, потсетуваат од локалната самоуправа.

Back to top button
Close