Кои ќе бидат министрите од СДСМ во новата влада?

Во СДСМ значаен дел од кадровските решенија за новата влада се уште се договараат во пресрет на вечерашните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор. Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Венко Филипче, најверојатно, ќе ги водат истите ресори како и во првата влада на Зоран Заев – внатрешни работи, одбрана и здравство, пишува „360 Степени“.

Во ваква композиција на идната влада, нов шеф на Секретаријатот за европски прашања и вицепремиер, би бил Никола Димитров. Од таа позиција тој би бил и главен политички преговарач во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија.

Според информациите на „360 степени“, засега е неизвесно дали Мила Царовска повторно ќе биде министерка за труд и социјална политика или ќе оди на друга министерска позиција.

СДСМ треба да предложи и вицепремиер за економски прашања, функција на која е можно да дојде Фатмир Битиќи, претседател на партиската комисија за финансии.

Отворено е прашањето кој ќе раководи со ресорите транспорт и врски, правда, образование и наука, култура и локална самоуправа.

Повеќе на „360 Степени“ тука.

Поврзано:

Коха: Груби вицепремиер, Османи министер за надворешни, Бесими во Финансии, Бектеши во Економија

Back to top button
Close