Тринаесет цивили загинаа во пакистанскиот дел на Кашмир во последните 12 часа

Најмалку 13 цивили загинаа во пакистанскиот дел на Кашмир во последните 12 часа – до пладне денеска, соопшти агенцијата за управување со катастрофи во регионот, а поврзано со размената на оган меѓу Индија и Пакистан, по воените дејствија на Исламабад против Индија рано утрово.

Покрај загинатите, повеќе од 50 лица се повредени во регионот, соопштија властите.

Напнатоста меѓу Индија и Пакистан, кои управуваат со делови од Кашмир, ескалира по воздушниот удар на Индија врз „терористичка инфраструктура“ на пакистанска територија во средата.

Back to top button
Close