Малолетник од Кочани споделувал експлицитни видеа од малолетно девојче

Од МВР информираат дека вчера, 43-годишна жена од Кочани пријавила дека на 8 мај, малолетно момче споделувало видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка на социјалните мрежи.

-На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица во Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник исто така од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка- велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close